Новите грантисти во главно ќе влијаат на локалните политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Новите грантисти во главно ќе влијаат на локалните политики PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 јули 2020 10:38

Комисијата за избор на грантови ги оцени 56-те концепти кои организациите ги поднесоа во четвртиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Mali akciski Q4

Избраните 11 грантисти ќе работат на зголемување на учеството на граѓаните, а особено на младите, во локалните политики, а исто така ќе работат на поголема соработка меѓу граѓанските организации со единиците на локалната самоуправа. Покрај тоа, тие ќе ја подигнат свеста за пчелите и ќе создадат градини кои привлекуваат пчели, ќе работат на зголемување на понудата за еко туризам преку зголемување на младинската вработеност, ќе помогнат да се сведат на минимум неискористените јавни објекти, а ќе одржат и инклузивен драмски перформанс. Дел од организациите препознале дека последиците од КОВИД кризата допрва ќе ги чувствуваме во сите сфери на општеството. Затоа нивните активности ќе се однесуваат на изработка на општинска стратегија за справување со здравствени закани, преглед на фискалните опции на општините за справување со ефектите од КОВИД-19, како и административна и логистичка поддршка на граѓаните кои се затекнати во други држави.

Добитници на мал грант се следните организации:

  • Здружение на граѓани Свет на различни а еднакви со проектот „КУМ ТЕОДОС 2020 - инклузивен драмски перформанс “;
  • ДИЈАЛОГ- Центар за делиберативна демократија - Прилеп со проектот „Испразнето гнездо“;
  • Регионален центар за одржлив развој – Кратово со проектот „Eфективна локална самоуправа - интерес на граѓаните“;
  • Здружение на граѓани за заштита на правата и интересите на вработените во државната администрација и заштита на државниот имот „Праведни и професионални“ Скопје со проектот „Јакнење на капацитетите за добро управување и евидентирање на државниот недвижен имот “;
  • Пчеларско здружение „Пчела“ Куманово со проектот „Здрава животна средина за сегашните и идните генерации “;
  • Здружение на лешникари Еко лешник с. Драслајца, Струга со проектот „Граѓани за развој“;
  • Здружение за екологија и унапредување на културата и спортот, Ростуше Мавроро и Ростуша со проектот „Младите за Маврово“;
  • Центар за информативна и логистична поддршка на граѓаните „Нов контакт“ – Скопје со проектот „Инфо мигрант 2020“;
  • Центар за добро владеење и интегритет – ХАБ, Скопје со проектот „Општинска стратегија за заштита од Ковид-19 и други пандемски закани-поддршка за општинскиот штаб за заштита и спасување“;
  • Здружение за афирмација на културата „Багер Генезис 2.0“ Струга со проектот „Граѓаните во нашиот град, главни актери или неми статисти“;
  • Центар за економски анализи Скопје со проектот „COVID-19 и општините во Северна Македонија: Ќе бараат ли општините нови финансиски средства преку задолжување кај централната власт?“.

Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на миграција, децентрализација, транспарентност, лица со посебни потреби, развој на граѓанското општество, животна средина, добро владеење и владеење на правото.

Проектите ќе се спроведуваат во Струмица, Неготино, Скопје, Прилеп, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Маврово и Ростуша и Струга. Четири од поддржаните проекти ќе се спроведуваат на национално ниво.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 3.584.300 денари.

Повикот за аплицирање за мали грантовиостанува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Новите грантисти во главно ќе влијаат на локалните политики