Лидерските вештини ќе го зајакнат управувањето на организациите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Лидерските вештини ќе го зајакнат управувањето на организациите PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 декември 2019 00:00

Обуката за лидерски вештини и техники им овозможи на 17 претставници на граѓански организации да ги развијат своите вештини и техники за лидерство. Тие ги надградија своите знаења за одговорно лидерството, за различните модели на лидерството во организациите и анализа на стилот на лидерство, комуникација, донесување на одлуки, имиџ, кредибилитет и легитимитет итн.

20191219 ДФГ обука за лидерство

„Континуираното вложување во градењето на човечките капацитети на граѓанските организации е потреба која треба да ги следи актуелните домашни и светски трендови“, рече Моника Вељаноска од Асоцијацијата за демократски иницијативи. Таа додаде дека оваа обука и помогнала во личниот развој и дека знаењето ќе го пренесе на своите соработници. 

Учесниците споделија различни искуства и предизвици со кои нивните здруженија се соочуваат во однос на внатрешното делување и надворешното опкружување. Тие беа согласни дека за надминување и справување со овие предизвици потребно е силно и храбро лидерство. Како особено интересна ја издвоија сесијата посветена на лидерите како мотиватори.

Обуката ги исполни очекувањата и на Тони Станковски од Здружението на граѓани Љубезност. Тој рече дека новите знаења ќе ги искористи при дефинирање и спроведување на организацискиот развој, но и во тековното организирање и реализирање на активностите. Според него, ваквите обуки придонесуваат во подобрување на лидерскиот статус и го зајакнуваат капацитетот на организациите во целост.

20191219 ДФГ обука за лидерство 1

Обуката ја водеше Сунчица Саздовска и беше синергичен спој на теорија и интерактивно вклучување со практична примена на вежби. Таа ги опфати сите аспекти од принципите на доброто управување кои влијаат на работа на организациите.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија. 

 


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Лидерските вештини ќе го зајакнат управувањето на организациите