Сашо Клековски – Копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет |
Четврток, 16 април 2009 14:19 | |||
Македонската делегација во Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на консултативната средба одржана на 14 април 2009 година го избра Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС за ко-претседавач на Комитетот. Присутните се договорија дека македонската делегација ќе подготви свој деловник за работа, со кој ќе се уреди делокругот и начинот на работа. До подготовката на деловникот ко-претседавачот ќе ја координира македонската делегација, посебно во подготовка на седниците на ЗКК. Ко-претседавачот и секретарот ќе бидат одговорни за надворешна комуникација, вклучувајќи и со Брисел. Секретар на македонската делегација ќе биде Златко Симјановски од Министерството за труд и социјална политика. Првата средба на ЗКК ќе се одржи во Македонија. ЗКК е заедничко работно тело на Република Македонија и Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК). ЗКК работи на делокруг на прашања за соработката на Македонија и ЕЕСК, посебно поврзани со социјалниот и граѓанскиот дијалог. Членови на македонската делегација се Миле Бошков и Лидија Групчева - претставници на група 1, работодавачи; Ванчо Муратовски и Слободан Антовски - претставници на група 2, синдикати и Сашо Клековски и Дарко Алексов – претставници на група 3, општ (различен) интерес. Во групата 2 избрани се уште и заменици: Дивна Змејковска и Јордан Сандев и набљудувачи: Ружди Ибраими и Марјан Ристевски. Набљудувачи се и Мирјанка Алексовска и Златко Симјаноски од Министерството за труд и социјална политика и Гордана Јанковска од Министерството за надворешни работи.
|