Велешките претприемачи се обучуваа за фондовите на ЕУ |
Вторник, 28 април 2009 13:16 | |||
На 22 и 23-ти април, се одржа семинар „Вовед во Инструментот за прет-пристапна помош и во Програмите на заедницата (ИПА) “ во Велес. На обуката учествуваа 15 претставници на МСП и Сашко Ристовски, раководител на Одделението за ИТ и локален економски развој во општина Велес. Обуката треба да придонесе кон градење капацитет на малите и средни претпријатија (МСП) во општината Велес. На учесниците им беше овозможено да се стекнат со основни информации за инструментот ИПА и Програмите на заедницата, да се запознаат со можностите што тие им ги нудат и да стекнат основни вештини и знаења за аплицирање за фондовите преку пристап на Логичка рамка. Учесниците подготвија и пример на логичка рамка преку практични вежби. Според оценката на обуката, учесниците беа задоволни од информациите и вештините со кои се стекнаа. За голем дел од нив ова беше прв семинар за ЕУ фондови и би сакале повторно да учествував по подолг и продлабочен семинар или обука на иста тема. Со тоа стекнатите вештините ќе можат да ги применат во користењето фондови за потребите на нивните претпријатија. Општината Велес, нарачателот на обуката, најави понатамошна поддршка на МСП во изградба на капацитети на МСП во општина Велес. Обуката беше испорачана од Тања Хафнер Адеми, обучувачка за ЕУ фондови од МЦМС и Александар Гумберовски, надворешен обучувач.
|