Прва седница на новиот Совет |
Четврток, 16 април 2009 11:30 | |||
Новоизбраниот Совет на МЦМС на 15 април 2009 година ја одржа својата прва седница. Со седницата претседаваше Бехиџудин Шехапи. На седницата, на новоизбраниот состав му беше презентирана работата и организациската поставеност на МЦМС. Членовите на Советот го усвоија новиот Деловник за работа и избраа уште двајца нови членови, со што се комплетираше составот на Советот. На крајот, членовите на Советот беа информирани за постапката на избор на Управен одбор на МЦМС.
|