Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 октомври 2018 08:33

Подигната самодоверба, целосно исполнети очекувања и успешно завршен процес на учење, вежбање и практична примена се дел од импресиите на учесниците на тридневната Обука за обучувачи која ја организираше МЦМС по повод 25 годишниот јубилеј.

Obucheni novi 15 treneri od gragjanskiot sektor 1

Од 2 до 4 октомври, 15 претставници на граѓанските организации стекнуваа вештини и ја усовршуваа примената на алатките за подготовка и спроведување на обуката.

Марина Златевска од Македонскиот институт за медиуми рече дека на оваа обука значително ги подобрила презентациските вештини, кои ќе ги примени во иднина за време на сесиите кои сама ќе ги креира. „Запознав доста интересни луѓе, имаше одлична соработка и добра енергија во текот на трите дена. Ова беше одличен начин да се одбележат 25 години од работењето на МЦМС“, додаде таа.

Obucheni novi 15 treneri od gragjanskiot sektor 2

Во текот на трите дена учесниците имаа можност да ги подобрат своите комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини, како и да се здобијат со знаење за техниките и методите за обука. На самиот крај, наученото успеаја практично да го преточат во дизајнирање на една сесија од обука која ја спроведоа пред останатите учесници и предавачите.

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Валентина Чичева од МЦМС, кои изразија задоволство од проактивниот пристап и желбата за учење кои ги покажаа учесниците.

МЦМС до крајот на месецот ќе спроведе уште една обука за административно и архивско работење, со што се потенцира улогата на организацијата во концептот на доживотно учење.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обучени нови 15 тренери од граѓанскиот сектор