Издавање неделни вести - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Издавање неделни вести - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

БЦСДН е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија).

Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и граде-ње на капацитети помеѓу организациите членки и останати партнери во Југо Источна Евро¬па (ЈИЕ). МЦМС раководи со програмата БНТ и е Секретаријат на мрежата.

Целта на овој проект е да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка помеѓу граѓанските организации на Балканот.

Целна група се БНТ членките (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AIDRom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), други релевантни граѓански организации и јавноста.
Главна активност е подготовка и издавање на неделни вести (Weekly e-mail alerts). Неделните вести ќе се состојат од четири категории: вести, фандрејзинг, обучувачки и едукативни можности и публикации. Секоја од категориите ќе содржи кратки вести со главните податоци на која основа корисниците можат да добијат брза и јасна информација за тековни можности во областа на фандрејзинг, обуки, размена, волонтирање и друго од ЕУ и регионот.

Неделните вести ќе се издаваат во електронска форма (хтмл-формат) и ќе се дистрибуираат по електронска пошта до сите БЦСДН членки како и други заинтересирани ГО (сегашна листа има 281 корисници поединци или организации). Секое издание ќе биде објавено и на БЦСДН интернет страна. Неделните вести ќе се објавуваат два пати месечно или вкупно 19 изданија до крајот на 2008 година. За време на празници и годишни одмори, дво-неделни вести ќе бидат објавени со еднонеделно премостување или здружени со наредното редовно издание.

Информации ќе се собираат од различни извори, најмногу од различни тематски и географски дистрибуциски листи и од информации од самите членки на мрежата и други заинтересирани организации. Ќе се разгледа и можноста за соработка со поединечни организации што имаат искуство и подготвуваат вести за нивни потреби со цел вестите да бидат ефикасни и да не се дуплираат. Исто така, ќе се доработи идејно решение (формат) на неделните вести во соработка со организација/фирма што работи во ова поле.

Оваа активност ќе се базира врз позитивните искуства (како и форматот) на неделни вести објавувани од 2004 година во рамките на мрежата и програмата БНТ. Врз база на научените лекции од тие искуства се предвидува и истражување (анкета) на сегашните корисници со цел понатамошно подобрување на суштината и форматот како и (финансиска) одржливост на вестите.

МЦМС ќе биде одговорен за собирање и селекција на вести, нивно уредување и дистрибуција.

Завршен извештај од проектот.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Издавање неделни вести - извршно резиме