Олеснување на шенгенскиот визен режим - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Олеснување на шенгенскиот визен режим - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

БЦСДН е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија, Словенија и Србија).

Главната цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитети помеѓу организациите членки и останати партнери во Југоисточна Европа (ЈИЕ). МЦМС раководи со Секретаријатот на мрежата.

rbm202Целта на овој проект е подобрен пристап на граѓаните до олеснетиот шенгенски визен режим.

Целна група се сите граѓаните на Македонија. Специфична целна група се граѓаните кои спаѓаат во категории за кои е олеснет визниот режим (студенти; учесници на научни, истражувачки, културни и уметнички настани; членови на ГО; новинари; спортисти; бизнисмени; шофери; блиски роднини; членови на железничката линија; членови на религиозните заедници; луѓе на медицинска посета; луѓе во посета или на погреб; туристи).

Главните активности на проектот се: набљудување, односно истражување; инфо линија (hotline) и презентирање на резултатите на работилница во Брисел. Набљудувањето ќе се состои од анкетирање на апликанти за виза во одредени амбасади на земјите членки од ЕУ, односно земји кои го применуваат шенгенскиот визен режим и со тоа Спогодбата меѓу Македонија и ЕК за неговото олеснување. Анкетата ќе се базира на методологијата и искус-твата на истата активност на Батори Фондацијата во земјите на источна Европа.

Анкетата ќе се спроведува со анкетари-волонтери пред амбасадите или конзулатите, лице во лице со апликантите. Се очекува да бидат анкетирани 400 граѓани севкупно, односно пропорционално распоредени по амбасади, зависно од бројот на поднесени апликации. Исто така анкетите ќе бидат испратени до релевантни организации, на пример: Здружение на новинари, ГО студенти итн. Анкетирање ќе се одвива во 2-3 недели во месец мај.

Инфо линијата (hotline) ќе служи за споделување на позитивни/негативни искуства од спроведувањето на олеснетиот визен режим и информации во врска со него. Таа ќе функционира преку волонтери стационирани во МЦМС, кои ќе дават информации во одреден период на денот. Инфо линијата ќе се состои од телефонска линија, отворена интернет страница и е-поштенска адреса на која граѓаните ќе можат да се обратат. За да се запознаат што повеќе граѓани со оваа услуга, инфо линијата ќе започне со прес конференција за медиумите и промоција на истата (преку постери, лифлети). Инфо линијата ќе биде отворена од јуни до септември. Најголем интерес од граѓаните се очекува во првиот месец.

Последната фаза/активност ќе биде презентација на резултатите од активностите преку заедничкиот извештај во Брисел кој ќе ги вклучува партнерите на проектот, претставници на ЕК, Европскиот Парламент, Советот на министри и ЕУ земји членки.

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Олеснување на шенгенскиот визен режим - извршно резиме