Соработка на Владата со граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка на Владата со граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 декември 2008 11:43

После една година од донесувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор констатирано е спроведување на дел од активностите, но исто така за дел од нив не е забележан посебен напредок. Капацитет на вработените во Одделението за соработка со невладините организации се во процес на развивање, а во отсуство на посебен програмски буџет на Одделението малку е да се очекува дека е во можност да направи поголем напредок во меѓусебните односи на Одделението (а со тоа и Владата) со граѓанските организации, но и во процесот на координирање на спроведување на активностите на Стратегијата. Одделението се уште не е доволно препознато и во рамките на Владата и кај граѓанските организации.

Општа цел на проектот беше придонес кон одговорни институции кои ги спроведуваат политиките за развој на граѓанскиот сектор.

Цел на проектот беше јакнење на капацитетот на владините тела за соработка со граѓанските организации и следење на владините политики кои се однесуваат на граѓанските организации.

Целна група беа граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија.

Постигнати резултати со проектот се: одржана координативна средба и воспоставена меѓусебна соработка на владините тела од земјите од регионот кои се одговорни за соработката и развојот на граѓанското општество; подготвен извештај за прогресот на спроведувањето на Стратегијата, а со тоа и одржување на транспарентноста и отчетноста во процесот на нејзиното спроведување.

Проектот се состоеше од две главни активности:

  • Следење на спроведување на Стратегијата

МЦМС подготви извештај за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот јануари 2007-декември 2008 година. Извештајот е отпечатен во 1.000 примероци, и истиот е дистрибуиран до граѓанските организации, државните институции, медиумите и други релевантни актери. Исто така организирана е дебата за наодите од извештајот на која учествуваа претставници од граѓанските организации и релевантните државни институции.

  • Поддршка на Одделението за соработка со невладините организации

Одделението за соработка со невладините организации организираше регионална конференција за меѓусебно запознавање и соработка на телата за соработка со граѓанските организации во земјите од регионот. Темата на конференцијата беше „Владината соработка со граѓанските организации“ и истата се одржи во Скопје од 3 до 5 март. На Конференцијата, покрај домаќинот учествуваа и претставници од владите од Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, како и претставници од граѓанскиот сектор од Македонија МЦМС заедно со ФИООМ финансиски ќе ја поддржат Конференцијата.

Периодот на спроведување беше 1 март – 31 декември 2008 година.

Претпоставки кои влијаеја и придонесоа кон постигнување на проектните резултати беше интересот за меѓусебна соработка на претставниците на одделенијата од регионот за јакнење на граѓанскиот сектор, како и интерес кај Одделението и граѓанските организации за согледување и расправа за прогресот на Стратегијата.

Активностите беа спроведувани во координација со Одделението за соработка со невладините организации.

Проектот вклучуваше хетерогени корисници, односно претставници од сите сектори во општеството, повеќе организации во спроведувањето.

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Соработка на Владата со граѓанските организации