Структура за поддршка и градење капацитети - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Структура за поддршка и градење капацитети - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Сабота, 01 декември 2007 01:00

Начелата за еднаквост и недискриминација се основни елементи на меѓународната законска рамка во однос на човековите права. И покрај тоа што Република Македонија ги ратификува повеќето од меѓународните правни инструменти, во државата нема разработена стратегија за промоција на човековите права и слободи како и подигање на капацитетите на граѓанските организации и државните органи во таа насока. Немањето соодветни системи и постапки се надополнува со не функционални институции.

mbd101Граѓанското општество од своја страна во моментов е доста фрагментирано и со ниско ниво на активизам на граѓанските организации и граѓаните за прашања од областа на недискриминацијата. На почетокот на годината, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за недискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело.

Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Цел на проектот подобрена координираност и заедничко делување на граѓанските организации и државните институции во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата, и јакнење на нивните капацитети.

Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа.

Целното подрачје е Република Македонија.

Очекувани резултати од проектот се: воспоставена граѓанска коалиција за недискриминација; зајакнати капацитети на граѓанските организации членки на координативното тело; зајакнати капацитети на државните институции, пред се на канцеларијата на Народниот правобранител.

Проектот ќе се состои од три активности:

Воспоставување граѓанска коалиција за недискриминација
Коалицијата за недискриминација ќе биде составена од граѓански организации од областа на недискриминацијата и човековите права. Претставниците на коалицијата редовно ќе даваат свои иницијативи и предлози за и во подготовката на законите и политиките за еднакви можности кои ќе ги креира државата. За таа цел ќе се одржуваат редовни координативни состаноци. Граѓанската коалиција ќе има свој секретаријат. Поради искуството, предлогот за 2008 година е да биде Полио плус. Во рамките на проектот ќе биде поддржана и веб-страна за еднакви можности.

Градење капацитети на граѓанската коалиција за недискриминација
За граѓанските организации членки на коалицијата ќе бидат организирани две обуки од областа на човековите права и недискриминација. Едната ќе биде основна концепциска обука за човекови права, додека втората ќе биде специфична и стручна за оспособување на организациите за давање стручни совети од областите на недискриминацијта. Посебна тридневна обука за недискриминација ќе биде организирана за претставници на медиумите.

Градење капацитети на државните институции
Паралелно со градењето капацитети на граѓанските организации ќе се води сметка и за капацитетот на државните институции за разбирање на концептот за недискриминација и стекнување практични способности за негова примена. Најголемиот дел од активностите ќе се однесуваат на јакнењето на капацитетите на Народниот правобранител како основно тело за следење на состојбите со човековите права во Република Македонија.

Периодот на спроведување е 1 април – 31 декември 2008 година.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со секретаријатот на коалицијата МЦМС во консултации со вклучените организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Структура за поддршка и градење капацитети - извршно резиме