Анализа на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка: Ефикасност наспроти корупциски ризици |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 21 август 2024 09:33 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја подготви анализата „Антикорупциска проверка на легислативата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка“ со која се утврдуваат и обработуваат неколку видови ризици кои се јавуваат поради преклопување на законски одредби, непрецизни дефиниции, вклучување повеќе субјекти во одлучувањето, споделени и нејасни надлежности, дискрециски овластувања, несоодветно регулирани правила на постапката и сл. Анализата покажува дека отсуствуваат соодветни гаранции кои се однесуваат на граѓаните кои би можеле да бидат засегнати во оваа постапка, отсуствуваат контролни механизми над постапувањето на органите и институциите, како и одредби за ограничување на примената на Законот. Покрај тоа, Законот е исклучително нејасен во многу аспекти, се преклопува со многу други важечки закони и остава впечаток на неумесно креиран концепт, кој изгледа дека не му е до крај познат ниту на законодавецот. На ваквата ситуација се надоврзува исклучително големиот број на посочени ризици од корупција и судир на интереси во самите законски одредби, како и конфузно и кружно регулирање на постапките, надлежностите, па дури и клучните поими и самиот почеток на постапката која е утврдена во Законот.
Анализата е изработена како дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“, поддржана од УСАИД. Издавач на публикацијата е Македонскиот центар за меѓународна соработка, додека автор е Дарко Аврамовски.
|