Клучните постигнувања и резултати на организациите кои спроведоа грантови за брз одговор во борбата против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Клучните постигнувања и резултати на организациите кои спроведоа грантови за брз одговор во борбата против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 декември 2024 14:00

Пет граѓански организации спроведоа грантови за брз одговор како дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“, со вкупна финансиска поддршка од 2.300.000 денари.

запознај ги грантистите MCMS

Овие проекти се реализираа од 1 април 2024 во времетраење од 3 до 5 месеци и вклучуваа активности како:

  • различни акции за спречување на изборна корупција кон студентите,
  • акции за подготовка и препознавање на коруптивно однесување на средношколците како идни учесници во изборните процеси,
  • акции за спречување на корупција во носењето на урбанистички планови/проекти,
  • хакатон за креирање на апликација за пријавување на корупција;
  • обуки за истражувачко новинарство и
  • антикорупциски фестивал на стенд ап комедијата.

Со задоволство ги споделуваме видеата од овие организации во кои се истакнати нивните клучни постигнувања и резултати:

  • Организација: Кво Вадис Ад Астра Струмица
  • Име на проект: Подготовка на младите како идни учесници во изборните процеси: „Со зајакнати знаења до препознавање и превенција на корупција“

  • Здружение: Центар за образование и медијација на млади Гостивар
  • Име на проект: Дигитални вредности, заедно против корупција

  • Организација: Институтот за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ Скопје
  • Име на проект: Акција за спречување на изборна корупција кон студентите

  • Организација: Младински форум за соработка Скопје
  • Име на проект: Не е веќе смешно! Анти-корупциски фестивал на стенд ап комедијата

  • Здружението за истражување, едукација и креирање еко политики О2 иницијатива Скопје
  • Име на проект: Корпоративниот круг на урбанистички планови/проекти, закони, политички партии и изборите

Грантовите за брз одговор се дел од програмата „Граѓаните против корупцијата - ГПК“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

 


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Клучните постигнувања и резултати на организациите кои спроведоа грантови за брз одговор во борбата против корупцијата