Анализа на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка: Ефикасност наспроти корупциски ризици - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка: Ефикасност наспроти корупциски ризици PDF Print E-mail
Wednesday, 21 August 2024 09:33

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја подготви анализата „Антикорупциска проверка на легислативата на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка“ со која се утврдуваат и обработуваат неколку видови ризици кои се јавуваат поради преклопување на законски одредби, непрецизни дефиниции, вклучување повеќе субјекти во одлучувањето, споделени и нејасни надлежности, дискрециски овластувања, несоодветно регулирани правила на постапката и сл.

antikorupciska proverka na legislativata na zakonot za konfiskacija na imot vo gragjanska postapka

Анализата покажува дека отсуствуваат соодветни гаранции кои се однесуваат на граѓаните кои би можеле да бидат засегнати во оваа постапка, отсуствуваат контролни механизми над постапувањето на органите и институциите, како и одредби за ограничување на примената на Законот. Покрај тоа, Законот е исклучително нејасен во многу аспекти, се преклопува со многу други важечки закони и остава впечаток на неумесно креиран концепт, кој изгледа дека не му е до крај познат ниту на законодавецот. На ваквата ситуација се надоврзува исклучително големиот број на посочени ризици од корупција и судир на интереси во самите законски одредби, како и конфузно и кружно регулирање на постапките, надлежностите, па дури и клучните поими и самиот почеток на постапката која е утврдена во Законот.

aplКонечниот заклучок е дека државата треба да ги унапреди постојните механизми за контрола на имотот и зајакнување на практичната примена на конфискацијата на имот во кривичните постапки, како и во случаите кога не е можно водење кривична постапка, согласно правилата на Законот за кривичната постапка, наместо да посега по револуционерни решенија, кои во оваа форма и во контекст на нашата држава ќе предизвикаат многу повеќе проблеми, отколку што ќе придонесат за надминување на постоечките. Оттука, единствената препорака е законот да се укине пред воопшто да започне да се применува и државата да посвети сериозно внимание и труд за да се овозможи поголема примена на конфискацијата во рамките на кривичните постапки, дури и кога не е можно водење кривична постапка, како и да се зајакне контролата на имотот согласно постоечките законски одредби.

Анализата е изработена како дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“, поддржана од УСАИД. Издавач на публикацијата е Македонскиот центар за меѓународна соработка, додека автор е Дарко Аврамовски.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Анализа на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка: Ефикасност наспроти корупциски ризици