Секој разговор, секоја акција и пријава не води поблиску до целта, а тоа е општество без корупција! Антикорупцискиот караван започна од Битола - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Секој разговор, секоја акција и пријава не води поблиску до целта, а тоа е општество без корупција! Антикорупцискиот караван започна од Битола PDF Печати Е-пошта
Вторник, 03 декември 2024 16:07

Програмата Граѓаните против корупцијата“ денес (3 декември) го започна „Антикорупцискиот караван“ од плоштадот „Магнолија“ во Битола, каде преку директни разговори ги информираа граѓаните за значењето на борбата против корупцијата.

1 MCMS

Настанот го отвори координаторката на програмата Снежана Камиловска Трповска, која кажа дека овој караван претставува отворен форум и можност за приближување на институциите до граѓаните каде истите ќе можат да слушнат за реалните состојби со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Заменик претседателот на Владата за добро владеење г. Арбен Фетаи  истакна дека граѓанската активност и заедничкиот напор можат да доведат до значителни промени во културата и структурите на управување и дека граѓаните мораат активно да се вклучат и да се залагаат за антикорупциските реформи и за транспарентност во управувањето.

2 MCMS

3 MCMS

Поздравни обраќања имаше и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, која ја поздрави иницијатива за организирање на Антикорупциски караван и изјави дека правдата и чесноста не се само зборови, туку се принципи по кои треба да делуваме сите заеднички.

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, во неговото обраќање ја најави новата реформа за внатрешна контрола во системот на работење на управата со цел да се избегнат субјективните влијанија. Тој истакна дека корупцијата  за жал е рак рана на секое општество и дека согласно дадената доверба од страна на граѓаните потребно е да се испорачаат конкретни резултати.

Додека генералниот секретар на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека најзначајно e граѓаните да бидат слушнати бидејќи се еден од коректорите во функционирањето на самата општина и дека се отворени за соработка со сите чинители и институции во борбата против корупцијата.

IVK 1593 MCMS

„Ние сме тука да ве подржиме Вас граѓаните во борбата против корупцијата бидејќи разочарувачки е да се види дека има неисполнети ветувања кон децата и вас граѓаните“ заклучи Џери Дајбл, директорката на УСАИД во Република Северна Македонија.

Над 100 граѓани на Антикорупцискиот караван  имаа прилика да се информираат  за можностите за пријавување корупција и да разговараат директно со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за финансиска полиција и претставниците на Општина Битола. Целта на овие неформални разговори беше да се доближи работата и надлежностите на институциите кон граѓаните во врска со нивните потреби и предизвиците со кои се соочуваат. Воедно, на неколкучасовната неформална дружба со граѓаните, беше презентирана алатката „Реагирај“ подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), како и беа поттикнати да реагираат за двата тековни акции/случаи за РЕК Битола и Затворениот базен.

IVK 1327 MCMS

Центарот за Граѓански комуникации (ЦГК) преку Граѓанскиот надзор над јавните набавки ги презентираше студиите на случаи за Општина Битола кои вклучуваат: изградбата на затворениот  базен во градот, кружниот тек кај „Ветеринарното“ и хоризонталната сигнализација на улиците. Со овие случаи тимот на ЦГК ги истакна проблемите на граѓаните на Битола со цел нивно ефикасно решение и подобро управување во иднина.

Медиумите исто така обезбедија простор за разговори со граѓаните за нивните искуства и сведочења на коруптивни случаи.

Дополнително на овој настан претставниците од институциите на централно ниво имаа можност да прошетаат низ неколку локации од градот со цел одблиску да се запознаат со некои од сомнителните случаи со корупција со кои битолчани секојдневно се соочуваат. 

Антикорупцискиот караван утре продолжува пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.

Оваа активност се организира во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Секој разговор, секоја акција и пријава не води поблиску до целта, а тоа е општество без корупција! Антикорупцискиот караван започна од Битола