Доделени се седум грантови за транспарентност - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени се седум грантови за транспарентност PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 мај 2019 12:22

Се финализираше постапката за избор на грантовите за транспарентност, по што се доделија седум грантови на следните граѓански организации: 

  • Ромска асоцијација за жени и млади – Лулуди – Скопје
  • Здружение на граѓани – Младите можат
  • Здружение Лидери за едукација, активизам и развој Скопје
  • Доброволно противпожарно друштво- Св. Николе
  • Центар на заедницата на општина Струга
  • Младински совет- Прилеп
  • ЛГБТ Јунајтед - Тетово

 20190514 Grantisti dfg

Со помош на овие грантови здруженијата ќе спроведат организациски ревизии; ќе изготват и објават организациски извештаи; ќе подготват комуникациски стратегии; ќе изработат веб страни; ќе се обучат за транспарентно и отчетно работење; ќе ја вклучат јавноста во планирањето на активностите; ќе стекнат нови вештини за користење на онлајн алатки за известување; ќе организираат отворени денови; итн. Овие активности ќе придонесат кон подобри практики за транспарентно известување на организациските проекти и активности и ќе ги доближат организациите до своите корисници.

Грантистите делуваат во шест различни сектори и тоа млади; наука, образование и доживотно учење; економски и одржлив развој; човекови права и антидискриминација; граѓанско учество и локална демократија; а едно е професионално здружение.

Тие доаѓаат од пет различни региони и тоа три се од скопскиот, а по еден од вардарскиот, пелагонискиот, југозападниот и полошкиот регион. Во поглед на искуството, две се активни последниве три години, четири имаат искуство меѓу седум и 10 години, а една е активна веќе 20 години. 

20190514 grantovi dfg mapa

Одзивот на граѓанските организациите на овој повик беше голем што значи дека организациите ја препознаа користа и потребата од подобрување на практиките на транспарентност и отчетност. Пристигнаа 97 апликации, од кои 68 ја поминаа административната и оценката за подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет. Најголем дел од апликантите доаѓаа од скопскиот регион (47%), а по него следуваат пелагонискиот со 14% и југозападниот со 9%.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Доделени се седум грантови за транспарентност