Избрани 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 мај 2019 12:21

20190513 Акциски грантови

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на првиот повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-АКТ-04).

Добитници на акциски грант се 12 организации и тоа:

  • Здружение Хендикеп плус-Група за поддршка на хендикепирани лица Крива Паланка
  • Здружение за регионален развој Балкан економик форум Скoпје
  • Институт за општествени и хуманистички науки Скопје
  • Здружение на граѓани Медиа плус Штип
  • Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива Гостивар
  • Здружение за истражување, анализи и развој Зелена лупа Скопје
  • Здружение на социјални работници на Град Скопје Скопје
  • Женска граѓанска иницијатива Антико Скопје
  • Платформа за истражувачко новинарство и анализи-ПИНА, Скопје
  • Здружение на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики Евротинк – Центар за европски стратегии – Скопје
  • Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

 

Новите грантисти дејствуваат во осум различни сектори и тоа најмногу во секторите на здравје и здравствена заштита и демократија, но и во секторите за информации и комуникации, лица со посебни потреби, животна средина, човекови права, владеење на правото и родови прашања.

Половина од грантистите дејствуваат на национално, две делуваат на локално/ општинско ниво, две регионално во земјата, а по една дејствуваат регионално на Балканот и во Европа. Грантистите доаѓаат од пет региони, најголем број од нив се од скопскиот регион, потоа од источниот, североисточниот, југозападниот и полошкиот регион. Во поглед на искуството, осум се активни меѓу 12 и 20 години, две се со искуство меѓу седум и 11 години, а две имаат искуство помеѓу две и три години.

На повикот што беше отворен до 25 март 2019 г. беа поднесени 133 пријави за акциски грантови, од кои 113 пријави ја поминаа проверката на административна усогласеност и подобност. Најголем дел од апликантите доаѓаа од скопскиот регион (61%), потоа од полошкиот (10%), источниот (9%), пелагонискиот (7%), североисточниот (6%), вардарскиот (4%), југоисточниот (3%) и од југозападниот (1%) регион. Предложените акции во најголем дел се однесуваа на развој на граѓанското општество (18%) и доброто владеење (10%), а по една апликација се однесуваше на толеранцијата и на антикорупцијата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Избрани 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас