Благо водство на Пендаровски пред Силјановска-Давкова на последната анкета - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Благо водство на Пендаровски пред Силјановска-Давкова на последната анкета PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 април 2019 13:07

Слично како и во претходната анкета, направена во средината на март 2019 година, Стево Пенда-ровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Силјановска Давко-ва, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето направено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) Скопје на барање на Телевизија Телма. Поддршката за Блерим Река, кандидат на Алијансата за Албанците и на Беса е 11,0% од испитаниците што е речиси идентична со таа од претходната анкета.

pretsedatelski izbori 2019 2

Гордана Силјановска-Давкова има поголема поддршка кај е етничките Македонците (32,6%) за разлика од Стево Пендаровски (28,6%). Пендаровски пак има поголема поддршка кај етничките Албанци (20,5%) отколку Силјановска-Давкова (0,4%). Поддршката за Пендаровски кај етничките Албанци е поголема за  5,3 пп во однос на претходната анкета. Најголем дел од етничките Албанци одговориле дека ќе гласаат за кандидатот Блерим Река (41,6%).

И во оваа анкета, како и во претходната, мнозинство од испитаниците (68,1%) рекле дека ќе излезат, а нешто помалку од една четвртина (22,5%) рекле дека нема да излезат на изборите. Меѓутоа, прашани да кажат колкава е веројатноста да излезат на избори на скала од еден до 10, процентот на оние кои сигурно ќе излезат паѓа на 41,8%, а речиси секој петти (18,3%) сигурно нема да гласа. Споредено со претходната анкета, пораснал процентот на оние што сигурно ќе излезат на избори од 37,2% на сегашните 41,8%, а малку се намалил процентот на оние кои сигурно нема да излезат на изборите од претходните 20,4% на сегашните 18,3%. Од искуствата со поранешни анкети, сигурни гласачи се оние што одговориле со 10, а во зависност од други фактори – може да се смета и на половина или на сите што одговориле со 9.

Големо мнозинство од етничките Македонци (71,0%) и мнозинство од етничките Албанци (63,3%) одговориле дека ќе излезат на гласање. Сепак, изјавите за излезност на гласање треба да се земат со голема резерва, бидејќи праксата покажува дека реалната излезност е доста помала од онаа што се декларира при вакви анкети. 

За Телевизија Телма, анкетата ја спроведоа МЦМС и ИДСЦС. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 7 до 11 април 2019 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 967 испитаници.

Претседателски избори 2019 - Ставови на јавноста - втора анкета

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Благо водство на Пендаровски пред Силјановска-Давкова на последната анкета