Локалните организации дознаа повеќе за партнерските грантови на ГРЦ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Локалните организации дознаа повеќе за партнерските грантови на ГРЦ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 25 април 2019 12:35

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативните сесии за доделување партнерски грантови од Граѓанскиот ресурсен центар. Се одржаа четири вакви сесии и тоа во Скопје, Струмица, Битола и Кичево. Овие настани се покажаа како корисни за граѓанските организации бидејќи имаа можност да поставуваат прашања и веднаш да добијат одговор за сите нејаснотии и двоумења.

20190423 info sesija skopje 1080x675

Јасмина Чаушоска од Граѓанскиот ресурсен центар, детално ги презентираше упатството за пријавување, формуларот за аплицирање и неговите прилози. Таа објасни кој може да аплицира на повикот, какви активности се очекуваат од апликантите, кои трошоци се подобни, кои документи се потребни за аплицирање и начинот на поднесување на пријавите.

Повикот за партнерски грантови за организациско јакнење беше објавен на 8 април 2019 година, а рокот за поднесување на пријавите е 8 мај 2019 година до 17 часот. Заинтересираните организации можат да поставуваат прашања поврзани со повикот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 25 април, а сите прашања и одговори ќе бидат објавени на страната на ГРЦ на 3 мај 2019 год.

20190423 info sesija kicevo

Целта на овој тип грантови е да се зајакнат капацитетите на малите граѓански организации кои делуваат на локално ниво во партнерство со поразвиени граѓански организации.

Предложените активности треба да траат најмалку шест, а најмногу девет месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 123.000 и 184.500 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 24000 евра, или 1.476.000 денари.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Локалните организации дознаа повеќе за партнерските грантови на ГРЦ