Дали Западен Балкан доцни во остварувањето на Целите за одржлив развој на ОН? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дали Западен Балкан доцни во остварувањето на Целите за одржлив развој на ОН? PDF Печати Е-пошта
Петок, 22 септември 2017 09:45

sustestvena vklucenost na gragjanskite organizacii vo celite za odrzliv razvoj na obedinetite naciiМакедонскиот центар за меѓународна соработка во соработка (МЦМС) објави краток документ за јавна политика под насловот: Суштествена вклученост на граѓанските организации во „Целите за одржлив развој“ на Обединетите нации. Дали земјите од Западен Балкан заостануваат?, на авторките Симона Огненовска од (МЦМС) и Алека Папа од Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија. Документот опфаќа кратка анализа за моменталната вклученост на ГО во локализација на Целите за одржлив развој (ЦОР) во целиот регион.

Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации (ОН) стапија во сила од јануари 2016 година. Со фокус на развиените земји и земјите во развој тие придонесоа кон растечкиот импулс за поддржување на развојот и неговото интегрирање во рамките на напорите за добро владеење.

Како што Агендата 2030 го трасира патот кон одржлив развој, се чини дека Западен Балкан не заостанува премногу – барем кога станува збор за почетните чекори преземени за спроведување на ЦОР.

Овој документ содржи и конкретни препораки наменети за граѓанските организации, но и за националните влади и меѓународните организации.

Публикацијата е подготвена во рамки на регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развојна соработка и членките на Хоризонт3000.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дали Западен Балкан доцни во остварувањето на Целите за одржлив развој на ОН?