Дали Западен Балкан доцни во остварувањето на Целите за одржлив развој на ОН? |
![]() |
![]() |
![]() |
Friday, 22 September 2017 09:45 | |||
Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации (ОН) стапија во сила од јануари 2016 година. Со фокус на развиените земји и земјите во развој тие придонесоа кон растечкиот импулс за поддржување на развојот и неговото интегрирање во рамките на напорите за добро владеење. Како што Агендата 2030 го трасира патот кон одржлив развој, се чини дека Западен Балкан не заостанува премногу – барем кога станува збор за почетните чекори преземени за спроведување на ЦОР. Овој документ содржи и конкретни препораки наменети за граѓанските организации, но и за националните влади и меѓународните организации. Публикацијата е подготвена во рамки на регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Проектот е финансиран од Австриската агенција за развојна соработка и членките на Хоризонт3000.
|