Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 Февруари 2016 12:58

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и  Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ на 12.2.2016 година, во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

Potpishani dogovorite za prvite specifichni akciski grantovi

Првиот грант треба да продуцира и објави квалитетни истражувачки стории кои се однесуваат на функционирањето на граѓанското општество во целина, на програмата Цивика мобилитас и на нејзините грантисти. Ќе се воспостави соработка помеѓу граѓанските организации ангажирани во програмата Цивика мобилитас и истражувачките новинари што треба да придонесе да се подобри перцепцијата за граѓанското општество и неговото влијание во постигнување позитивни општествени промени.

Вториот грант ќе го дефинира влијанието на граѓанскиот сектор во пет сектори: социјала, образование, здравство, култура и медиуми, особено на грантистите на Цивика мобилитас. Ќе се зголеми граѓанското вклучување како резултат на подобар пристап на граѓаните до информациите за влијанието на граѓанскиот сектор преку иновативен начин на комуницирање.

Активностите ќе се спроведуваат 24 односно 30 месеци.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови