Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 15 shkurt 2016 12:58

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и  Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ на 12.2.2016 година, во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

Potpishani dogovorite za prvite specifichni akciski grantovi

Првиот грант треба да продуцира и објави квалитетни истражувачки стории кои се однесуваат на функционирањето на граѓанското општество во целина, на програмата Цивика мобилитас и на нејзините грантисти. Ќе се воспостави соработка помеѓу граѓанските организации ангажирани во програмата Цивика мобилитас и истражувачките новинари што треба да придонесе да се подобри перцепцијата за граѓанското општество и неговото влијание во постигнување позитивни општествени промени.

Вториот грант ќе го дефинира влијанието на граѓанскиот сектор во пет сектори: социјала, образование, здравство, култура и медиуми, особено на грантистите на Цивика мобилитас. Ќе се зголеми граѓанското вклучување како резултат на подобар пристап на граѓаните до информациите за влијанието на граѓанскиот сектор преку иновативен начин на комуницирање.

Активностите ќе се спроведуваат 24 односно 30 месеци.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови