МЦМС постави четири контејнери во транзитниот центар во Табановце |
Среда, 10 Февруари 2016 14:45 | |||
На 9 февруари 2016 година, во транзитниот центар за бегалци во Табановце, МЦМС постави четири нови контејнери наменети за сместување на ранливи категории луѓе, особено жени и деца. Контејнерите се опремени со системи за греење. Претходно, МЦМС обезбеди електрична енергија во целиот транзитен центар „Табановце“. МЦМС ги следи потребите на терен и редовно се координира и комуницира со релевантните чинители. Овие активности се дел од одговорот на МЦМС на бегалската криза со која се соочи Македонија како транзитна земја. Проектот „Поддршка за бегалците во Македонија“ започна да се спроведува во почетокот на ноември 2015, а ќе трае до крајот на март 2016 година. Финансиската поддршка е пбезбедена од НЦА (Norwegian Church Aid) која е членка на Акт Алијансата (Act Alliance).
|