Транспарентно управување и енергетска сигурност во Централна и Југоисточна Европа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Транспарентно управување и енергетска сигурност во Централна и Југоисточна Европа PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 ноември 2015 14:23

Мрежата „Водство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ (СЕЛДИ) подготви документ за јавни политики кој дава проценка на ризиците за енергетската сигурност како и на транспарентноста и отчетноста на енергетските политики во четири земју од Централна и Југоисточна Европа: две енергетски сиромашни земји – Бугарија и Србија и две енергетски обезбедени – Романија и Украина.

cover

Националната и региoналната енергетска сигурност на земјите во Централна и Југоисточна Европа во моментот е актуелна тема во Европската Унија (ЕУ), која го привлекува вниманието на експертите, политичарите и крајните корисници. Во фокусот на вниманието се тековните и идните енергетски проекти како и карактеристиките на управување во енегетскиот сектор во овие земји.

Во документот се заклучува дека нестабилните демократски традиции, нетранспарентните практики на работење одржувани со корупцијата и поврзаноста со организираниот криминал се засилени со негативните последици на економското и геополитичкото влијание на Русија. Главниот предизвик во управувањето со енергетиката е недостатокот на политички консензус во врска со долгорочната национална енергетска стратегија која би била поддржана со финансиски инструменти што би го ограничило донесувањето на „парцијални“ одлуки кои често се доведуваат во сомнеж дека се донесени под влијание на приватните политички и економски интереси.

Управувањето со државните енергетски претпријатија во Централна и Југоисточна Европа е под силно политичко влијание кое ја попречува нивната институционална независнот и регулаторниот надзор, се констатира понатаму во документот. Тоа најмногу е видливо во Бугарија и Украина. Политичкиот притисок за смалување на цената на електричната енергија и природниот гас во Бугарија, Романија и Србија дополнително ја зголемува нестабилноста на нивните енергетски сектори. Големата зависност од еден извор и од една маршута за испорака на гас е најсериозниот ризик за енергетскта безбедност на сите земји.

Документот за јавни политики е достапен и на веб-страницата на мрежата www.seldi.net. Таа е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигнување на јавната свест“, финансиран од Европската Унија. Во проектот се вклучени 17 граѓански организации од девет држави од регионот (Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција). Носител на проектот е бугарскиот Центар за изучување на демократијата (ЦИД), а македонски партнери во овој проект, покрај МЦМС се и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Институтот Охрид.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Транспарентно управување и енергетска сигурност во Централна и Југоисточна Европа