„Родум од Македонија“ на средби во Собранието и Министерството за одбрана - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Родум од Македонија“ на средби во Собранието и Министерството за одбрана PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 јули 2015 15:01

Во втората недела од својот престој во Македонија, учесниците на проектот „Родум од Македонија“ имаа можност да ги посетат Собранието на Република Македонија и Министерството за одбрана. Домаќин во Собранието им беше пратеникот Павле Саздов. За Наташа, Аарон, Филип и Лукас, како и за креаторот на програмата Питер Далас беше организирана тура низ Собранието која вклучуваше посета на салите каде што се одржуваат комисиски расправи, салата за пленарни седници, Свечената сала и собите со традиционален дрворез. Младите македонски иселеници добија информации за организацијата и функционирањето на Собранието. Обиколката заврши со разговор во кабинетот на пратеникот Павле Саздов кој одговори на сите нивни прашања.

Rodum od Makedonija na sredbi vo Sobranieto i Ministerstvoto za odbrana

На средбата во Министерството за одбрана тие имаа можност да поразговараат со министерот Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави. Учесниците беа заинтересирани за прашања кои се однесуваат на одбраната и безбедноста, тековната криза со мигрантите од Сирија и домашните безбедносни мерки, меѓу-балканската соработка во одбраната и изгледите за членството на Република Македонија во НАТО. Тие дадоа свои мислења за улогата што македонската дијаспора може да ја игра во нивните земји, вклучувајќи и лобирање за поголема поддршка и вклучување на Македонија во меѓународните организации.

„Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) го спроведува Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и нејзиниот локален партнер Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Примарната цел на проектот е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија.

Во втората недела од својот престој во Македонија, учесниците на проектот „Родум од Македонија“ имаа можност да ги посет...

Posted by Македонски центар за меѓународна соработка on Monday, July 27, 2015
 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „Родум од Македонија“ на средби во Собранието и Министерството за одбрана