Работилница за самооценка на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за самооценка на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 март 2015 00:00

На 12 и 13 март 2015 година во Скопје, се одржа работилница за самооценка на МЦМС. Самооценката се спроведува за потребите на  проектот Техничка поддршка на граѓанските организации -ТАКСО чиј ресурсен центар МЦМС е од октомври 2014 година. Таа ќе овозможи да се проценат капацитетите во различни аспекти на организациското делување (стратешки менаџмент, оперативно планирање, застапување, администрација и сл.). На работилницата учествуваа осум претставници на Управниот одбор, Одборот на директори и Извршната канцеларија на МЦМС и дел од тимот за самооценка.

20150313 162651

Во процесот се користени два прашалника со кои  беа прибрани мислењата и искуството на надворешните засегнати страни (граѓански организации, органи на државна управа, партнери, донатори, соработници, медиуми и сл.), мислењето на тимот за самооценка и други вработени на МЦМС.

На работилницата беа разгледани одговорите на прашалниците кои послужија како основа за дискусија за клучните прашања. Беа одредени приоритетите и следните активности за јакнење на капацитетите на МЦМС кои ќе овозможат понатамошно подобрување на услугите на МЦМС како ресурсен центар кон граѓанските организации.

Оваа самооценка е првиот чекор кон спроведувањето на целокупна надворешна организациска оценка на МЦМС која ќе се спроведува во текот на 2015.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за самооценка на МЦМС