Како се спроведува Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како се спроведува Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 март 2015 00:00

Izveshtaj za sproveduvanjeto na Strategijata za sorabotka na Vladata so gragjanskiot sektorМЦМС го издаде новиот Извештај за спроведување на Стратегијата кој се однесува на периодот јуни 2012-декември 2014 година. 

Во Извештајот се констатира дека половина (48%) од предвидените мерки во Стратегијата не бележат напредок. Одличен напредок бележат 10% од мерките, додека значителен напредок е постигнат кај 13% од мерките. Кај 13% од мерките има делумен напредок, и кај 12% има мал напредок. Само две мерки се во целост реализирани. Одделението за соработка со НВО и Министерството за труд и социјална политика се издвојуваат како носители на мерки, по бројот на реализирани активности во рамки на акцискиот план.

Покрај прегледот на состојбата, Извештајот дава и препораки за спроведување на Стратегијата.

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е донесена во јуни 2012 година и го опфаќа периодот од 2012 до 2017 година. МЦМС континуирано го следи спроведувањето на Стратегијата како дел од нејзиниот придонес кон вкоренето и динамично граѓанско општество кое активно влијае на јавните политики.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како се спроведува Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор