Работилница за самооценка на МЦМС |
Tuesday, 31 March 2015 00:00 | |||
На 12 и 13 март 2015 година во Скопје, се одржа работилница за самооценка на МЦМС. Самооценката се спроведува за потребите на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации -ТАКСО чиј ресурсен центар МЦМС е од октомври 2014 година. Таа ќе овозможи да се проценат капацитетите во различни аспекти на организациското делување (стратешки менаџмент, оперативно планирање, застапување, администрација и сл.). На работилницата учествуваа осум претставници на Управниот одбор, Одборот на директори и Извршната канцеларија на МЦМС и дел од тимот за самооценка. Во процесот се користени два прашалника со кои беа прибрани мислењата и искуството на надворешните засегнати страни (граѓански организации, органи на државна управа, партнери, донатори, соработници, медиуми и сл.), мислењето на тимот за самооценка и други вработени на МЦМС. На работилницата беа разгледани одговорите на прашалниците кои послужија како основа за дискусија за клучните прашања. Беа одредени приоритетите и следните активности за јакнење на капацитетите на МЦМС кои ќе овозможат понатамошно подобрување на услугите на МЦМС како ресурсен центар кон граѓанските организации. Оваа самооценка е првиот чекор кон спроведувањето на целокупна надворешна организациска оценка на МЦМС која ќе се спроведува во текот на 2015.
|