Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 мај 2014 13:32

Од 6 до 9 мај 2014 година во Тирана, Албанија се одржа регионалната конференција „Промоција на насоките за поддршка на граѓанските организации: Актуелна состојба и чекор напред кон набљудување, планирање и информирање за напредокот за периодот 2014-2020 година“. На конференцијата учествуваа над 75 претставници на ЕУ, на граѓанскиот сектор и на државните институции. МЦМС го претставуваше Симона Огненовска.

Promovirani nasokite na EU za razvoj na gragjanskite organizacii 2

Во фокусот на конференцијата беше градење на заедничко разбирање и размена на ставови за употребата на „насоките“ подготвени од Генералниот директорат за проширување.  Учесниците ја согледаа целокупната слика за околината за развој на граѓанско општество во земјите согласно утврдените индикатори и дискутираа за можниот процес на одредување национални цели. Разгледани беа предизвиците, можностите и потребите за долгорочна одржливост на мониторингот и известувањето за напредокот наспроти поставените индикатори и резултати.

Во 2013 година МЦМС спроведе следење на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор на национално ниво во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на  граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Извештајот од следењето беше вклучен во основната студија за граѓанскиот сектор што ја подготви ТАКСО и ја промовираше на конференцијата во Тирана.

Promovirani nasokite na EU za razvoj na gragjanskite organizacii 1

Симона Огненовска накратко ги претстави главните заклучоци од Извештајот. Таа ги потенцираше потребните реформи во државното финансирање за подобрување на поддршката за граѓанскиот сектор и создавање поволно даночно опкружување, како и подобрениот дијалог и соработка на граѓанскиот сектор со Владата.

Организатор на конференцијата беше канцеларијата за техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО), во соработка со Генералниот директорат за проширување при Европската комисија.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации