МЦМС пак на Скопскиот маратон - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС пак на Скопскиот маратон PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 мај 2014 11:05

Дел од вработените на МЦМС и оваа година ја тестираа својата кондиција трчајќи на 10-то издание на Скопскиот маратон. По неколку години учество во хуманитарната трка, дел од нив, оваа година трчаа на маратонската патека па така, Кренар Кука, Борис Ристовски и Борјан Ѓузелов успешно го завршија полумаратонот, а Гонце Јаковлеска, Симона Огненовска и Лазар Неданоски трчаа на пет километри.

IMG 1112

„За прв пат учествувам на Скопскиот маратон и мислам дека ова е одличен настан со многу позитивна енергија. Чувството после истрчан 21 километар е прекрасно“ рече Борјан Ѓузелов.

Десеттото, јубилејно издание на Скопскиот маратон што се одржа на 11 мај 2014 година привлече повеќе од 5800 спортисти и рекреативци од 47 земји во светот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС пак на Скопскиот маратон