Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации PDF Print E-mail
Tuesday, 13 May 2014 13:32

Од 6 до 9 мај 2014 година во Тирана, Албанија се одржа регионалната конференција „Промоција на насоките за поддршка на граѓанските организации: Актуелна состојба и чекор напред кон набљудување, планирање и информирање за напредокот за периодот 2014-2020 година“. На конференцијата учествуваа над 75 претставници на ЕУ, на граѓанскиот сектор и на државните институции. МЦМС го претставуваше Симона Огненовска.

Promovirani nasokite na EU za razvoj na gragjanskite organizacii 2

Во фокусот на конференцијата беше градење на заедничко разбирање и размена на ставови за употребата на „насоките“ подготвени од Генералниот директорат за проширување.  Учесниците ја согледаа целокупната слика за околината за развој на граѓанско општество во земјите согласно утврдените индикатори и дискутираа за можниот процес на одредување национални цели. Разгледани беа предизвиците, можностите и потребите за долгорочна одржливост на мониторингот и известувањето за напредокот наспроти поставените индикатори и резултати.

Во 2013 година МЦМС спроведе следење на овозможувачката околина за развој на граѓанскиот сектор на национално ниво во рамките на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на  граѓанските организации за застапување и лобирање“ финансиран од Европската Унија. Извештајот од следењето беше вклучен во основната студија за граѓанскиот сектор што ја подготви ТАКСО и ја промовираше на конференцијата во Тирана.

Promovirani nasokite na EU za razvoj na gragjanskite organizacii 1

Симона Огненовска накратко ги претстави главните заклучоци од Извештајот. Таа ги потенцираше потребните реформи во државното финансирање за подобрување на поддршката за граѓанскиот сектор и создавање поволно даночно опкружување, како и подобрениот дијалог и соработка на граѓанскиот сектор со Владата.

Организатор на конференцијата беше канцеларијата за техничка поддршка на граѓанските организации (ТАКСО), во соработка со Генералниот директорат за проширување при Европската комисија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Промовирани насоките на ЕУ за развој на граѓанските организации