Возраста како основа за дискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Возраста како основа за дискриминација PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 октомври 2013 08:31

Каква е моменталната состојба во Македонија кога е во прашање дискриминацијата по основ на возраст? Какви се искуствата и практиките и која е улогата на институциите во борбата против овој вид дискриминација, посебно на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД), Народниот правобранител и др.? Ова беа некои од прашањата околу кои се водеше дебатата „Дискриминација по основ на возраст“ што ја одржа МЦМС на 3 октомври 2013 година, како дел од проектот  „Од норма до пракса за еднаквост“.

vozrasta kako osnova za diskriminacija

Проф. д-р. Беким Кадриу, универзитетски професор направи анализа на поимот и појавата на дискриминација по основ на возраст. Според него, овој тип на дискриминација е специфичен и во многу случаи е тешко да се определи дали се работи за дискриминација или не. „Возраста претставува важен фактор за уживање на одредени права и таа е цврсто вкоренета во свеста на луѓето“ – рече меѓу другото Кадриу.

Осврнувајќи се на работата на КЗД, проф. д-р Ризван Сулејмани, како нејзин член истакна дека доминираат претставките упатени кон правни лица, наспроти оние упатени кон физички лица. „Најмногу претставки се поднесени во градот Скопје што говори за потребата од отворање на регионални канцеларии на КЗД надвор од главниот град“, рече Сулејмани.

Се дебатираше и за ранливите групи деца, оние кои немаат извод од матична книга на родените, оние кои се исклучени од образование и чиј труд се злоупотребува. М-р Драги Змијанац, извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ја истакна потребата од проширена меѓуинституционална соработка, вложување во едукација и подигнување на свеста кај децата, нивните семејства и општеството во целина.

За проектот зборуваше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. „Активностите кои ќе се спроведуваат со проектот ќе се стремат кон подобрување на спроведувањето на законодавството во Македонија, зајакнување на капацитетите на надлежните институции, пренесување на праксите од земјите на ЕУ во Македонија и јакнење на свеста кај граѓаните за овој тип дискриминација.

Проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е поддржан финансиски од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Возраста како основа за дискриминација