Дебата: Дискриминација по основ на пол - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата: Дискриминација по основ на пол PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 октомври 2013 08:50

На 17 октомври 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во х. Холидеј ин, Скопје, МЦМС организира дебата на тема „Дискриминација по основ на пол“. Ве покануваме да се придружите на настанот и со вашите дискусии придонесете кон дебатата за ова важно прашање.

Bilbord-progres-pecat

Воведни излагања ќе имаат Ленче Коцевска, член на  КЗД и Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР). Настанот ќе го фасилитира Валентина Чичева од МЦМС.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките на дискриминација по основ на пол. Ќе биде разгледана и улогата на институциите на системот во борбата против дискриминација по основ на пол, посебно на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Посебен осврт ќе се даде на ранливите групи на жени, жените жртви на семејно насилство, дискриминација на жени по основ на возраст и вработување, жените од етнички заедници и рурални средини.

Проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е поддржан финансиски од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

За дополнителни информации и потврда на вашето присуство контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.

Facebook event.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дебата: Дискриминација по основ на пол