Вработените на МЦМС волонтираа за подобри услови за учениците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вработените на МЦМС волонтираа за подобри услови за учениците PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 07 октомври 2013 09:52

Вработените на МЦМС заедно со наставниците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар денес (5 октомври 2013 година) учествуваа во поставувањето на школското осветлување, а потоа и во акцијата „Македонија без отпад 2013“. Акцијата е и дел од активностите на МЦМС по повод одбележувањето на 20 годишнината од работењето.

vrabotenite na mcms volontiraa za podobri uslovi za uchenicite-1

Вообичаените средства за работа, компјутерите, денес беа заменети со лопати и копачи за да се ископа, а потоа и затрупа ровот во кој беше поставена инсталацијата за електричното осветлувања на училишниот двор. Со помош на стручни лица, светилките беа поставени и тестирани. Светлото во училишниот двор, заедно со новата фасада и интервенциите на внатрешната и надворешната столарија и санитарните јазли направени претходните години сосема го изменија ликот на училиштето, а неговите учениците ќе имаат можност да ги совладуваат новите знаења во одлични услови за работа.

vrabotenite na mcms volontiraa za podobri uslovi za uchenicite-3

МЦМС веќе неколку години наназад работи на подобрување на условите во кои се изведува наставата во училиштата. По повод 20-годишнината, вработените на МЦМС, на денот кога се одбележува меѓународниот ден на учителите, решија да дадат и личен придонес во подобрувањето на условите во кои учат учениците, волонтирајќи во своето слободно време.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Вработените на МЦМС волонтираа за подобри услови за учениците