ИПА 2014-2020 и граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ИПА 2014-2020 и граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Сабота, 28 септември 2013 00:00

Работилницата со наслов Можности за поддршка на граѓанското општество од ИПА 2014-2020 се одржа во Брисел во просториите на Економско социјалниот совет на 25 септември 2013 година. Организатор беше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), а учесници беа членките на мрежата, претставници на Директоратот за проширување и други партнерски организации и институции. МЦМС го претставуваше Емина Нурединоска, раководител на Одделението за граѓанско општество и демократија.

ipa 2014-2020 i gragjanskoto opshtestvo-1

На настанот учесниците имаа можност да ги пренесат досегашните искуства од ИПА поддршката во земјите од регионот, а воедно и да дадат препораки во која насока сметаат дека треба да се одвива поддршка од страна на Европската Унија преку ИПА 2014-2020.

Расправата беше фокусирана на потребата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, на доделувањето грантови (кои би биле скроени на потребите и капацитетот на организациите), на поддршката на локалните (grass-root) иницијативи, и на неопходноста од соработка и вмрежување.

ipa 2014-2020 i gragjanskoto opshtestvo-2

Никола Бертолини, раководител на Одделот  за граѓанско општество во  Директоратот за проширување, истакна дека сите изнесени ставови од граѓанските организации се веќе разгледувани во рамките на Директоратот, а претставниците во Одделот за граѓанско општество во најголем дел се согласуваат со коментарите и барањата изнесени на работилницата. 


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести ИПА 2014-2020 и граѓанското општество