Вработените на МЦМС волонтираа за подобри услови за учениците |
Monday, 07 October 2013 09:52 | |||
Вработените на МЦМС заедно со наставниците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар денес (5 октомври 2013 година) учествуваа во поставувањето на школското осветлување, а потоа и во акцијата „Македонија без отпад 2013“. Акцијата е и дел од активностите на МЦМС по повод одбележувањето на 20 годишнината од работењето. Вообичаените средства за работа, компјутерите, денес беа заменети со лопати и копачи за да се ископа, а потоа и затрупа ровот во кој беше поставена инсталацијата за електричното осветлувања на училишниот двор. Со помош на стручни лица, светилките беа поставени и тестирани. Светлото во училишниот двор, заедно со новата фасада и интервенциите на внатрешната и надворешната столарија и санитарните јазли направени претходните години сосема го изменија ликот на училиштето, а неговите учениците ќе имаат можност да ги совладуваат новите знаења во одлични услови за работа. МЦМС веќе неколку години наназад работи на подобрување на условите во кои се изведува наставата во училиштата. По повод 20-годишнината, вработените на МЦМС, на денот кога се одбележува меѓународниот ден на учителите, решија да дадат и личен придонес во подобрувањето на условите во кои учат учениците, волонтирајќи во своето слободно време.
|