Дијаспората и Букурешкиот договор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дијаспората и Букурешкиот договор PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 јули 2013 14:13

„Можете да го извадите Македонецот од Македонија, но не и Македонија од Македонецот“, рече Стојан Николов претседавачот на Одборот на директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на отворањето на Четвртата глобална конференција на ОМД што се одржува во Скопје од 24 јули до 2 август 2013 година. Темата на конференцијата е 100 години од Букурешкиот договор.

ITC 2821

„Идејата за вмрежување со иселеништвото како и неговото вклучување во општествениот и економски развој на матичната земја, претставува предизвик за целата држава па и за граѓанскиот сектор чиј дел е МЦМС“, рече во своето воведно обраќање Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС кој е партнер на ОМД во организирањето на Конференцијата. Дијаспората е дел од среднорочниот план на МЦМС, а во насока на подобрување на меѓусебната информираност МЦМС пред неколку години го издаде првиот Адресар на организациите на иселениците од Македонија.

Освен темите поврзани со Букурешкиот договор, дел од програмата третира и актуелни теми како што се евроатланските интеграции, надворешната политика, правата на малцинствата, слободата на медиумите и прашањето на името.

ITC 2854

За учесниците на конференцијата приеми приредуваат Амбасадорот на САД и Претседателот на Република Македонија, а Премиерот ќе биде со учесниците на последниот дел од конференцијата за време на гала вечерата.

Учесниците на конференцијата доаѓаат од 27 земји во светот вклучувајќи ги и земјите од регионот каде што живеат Македонци. Тридневната работна програма опфаќа голем број излагања на 40-тина експерти од 12 различни држави.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дијаспората и Букурешкиот договор