Граѓаните ги поддржаа сите пет концепти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните ги поддржаа сите пет концепти PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 јули 2013 14:48

На 16 јули 2013 година, во ресторанот „Саса“ во Македонска Каменица се одржа третата форумска сесија од меѓу-општинскиот форум за Македонска Каменица и Делчево.

gragjanite-gi-podrzaa-site-pet-koncepti-1

Членовите на работната група која работеше помеѓу двете форумски сесии презентираа пет концепти за предлог проекти посветени на посебни сегменти на темата „Собирање смет“ и тоа: „Со рециклирање, до почиста околина!“; „Специјални возила за собирање смет“; „Расчистување на дивите депонии“; „Уредување на градските депонии“; „Селектирање на сметот – придобивка за граѓаните и за општините!“.

Понудените концепти ги разработуваа проблемите и понудија решенија за секој од нив. На форумската сесија граѓаните дискутираа за понудените решенија и им дадоа поддршка на сите концепти што значи дека тие поминаа во следната фаза кога ќе се доработуваат како предлог проекти.

gragjanite-gi-podrzaa-site-pet-koncepti-2

„Пред одржувањето на првата меѓуопштинска форумска сесија постоеја сомнежи дека граѓаните активно ќе се вклучат во решавањето на локалните проблеми, но денес, на третата сесија сите сомнежи се покажаа како крајно неоправдани“, вели Драгана Велиновска. Жителите на двете општини се доста иновативни во предлагањето на концептите. Денес имавме можност да видиме и слушнеме голем број конструктивни дебати и предложени решенија и се надевам дека крајниот резултат ќе биде позитивен за двете општини, а најголемата придобивка ќе ја почувствуваат самите граѓани“, рече таа. И Верица Митревска е задоволна од тоа што преку форумите граѓаните сами придонесуваат за решавање на  секојдневните проблеми со отпадот. „Лично сметам дека најголема корист би имале од набавка на нови специјализирани возила за собирање на смет и расчистување на дивите депонии, но и другите концепти се доста интересни и потребни“, додаде Митревска.

На граѓаните им беа презентирани критериумите за предлог проекти и образецот во кој ќе треба да се развиваат предлог проектите. Дооформена беше работната група која меѓу двете сесии ќе работи на подготовката на проектите. Тие на граѓаните ќе им бидат презентирани на четвртата форумска сесија што ќе се одржи на 3 септември 2013 година во Делчево.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните ги поддржаа сите пет концепти