Форумот ги потврди сите пет предлог проекти |
Петок, 21 декември 2012 00:00 | |||
Четвртата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Василево и Босилово се одржа на 20 декември и 2012 година во Босилово пред 92 граѓани и гости. Граѓаните разгледаа пет предлог проекти на темата „Водоснабдување и отпадни води и тоа: Mеханизација за комунални претпријатија; Проектна документација за фекална канализација; Јакнење на свеста на граѓаните за рационално користење на водата; Реконструкција на канали за одвод на атмосферските води и Подобрување на снабдувањето со техничка вода. По дискусиите граѓаните ги потврдија проектите и ги упатија на разгледување кај Програмскиот одбор. „Задоволна сум од текот на четвртата форумска сесија“, рече Ивана Трајковска од Василево. „Сметам дека сите пет предлог проекти заслужуваат внимание и се во интерес на двете општини за надминување на проблемите со поплавите но, и со водоснабдувањето". И за Ѓорѓи Трајков од с. Иловица форумите се добар начин на решавање на проблемите бидејќи „ние како граѓани одлучуваме што е приоритет за овие две локални самоуправи во делот на третирањето отпадни води и во водоснабдувањето“, смета Трајков. Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за времето на одржувањето на петата, гласачка форумска сесија заради очекувањето на состанокот на Програмскиот одбор.
|