Форумот ги потврди сите пет предлог проекти - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форумот ги потврди сите пет предлог проекти PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 21 dhjetor 2012 00:00

Четвртата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Василево и Босилово се одржа на 20 декември и 2012 година во Босилово пред 92 граѓани и гости.

IMG 4835

Граѓаните разгледаа пет предлог проекти на темата „Водоснабдување и отпадни води и тоа: Mеханизација за комунални претпријатија; Проектна документација за фекална канализација; Јакнење на свеста на граѓаните за рационално користење на водата; Реконструкција на канали за одвод на атмосферските води и Подобрување на снабдувањето со техничка вода. По дискусиите граѓаните ги потврдија проектите и ги упатија на разгледување кај Програмскиот одбор.

„Задоволна сум од текот на четвртата форумска сесија“, рече Ивана Трајковска од Василево. „Сметам дека сите пет предлог проекти заслужуваат внимание и се во интерес на двете општини за надминување на проблемите со поплавите но, и со водоснабдувањето". И за Ѓорѓи Трајков од с. Иловица форумите се добар начин на решавање на проблемите бидејќи „ние како граѓани одлучуваме што е приоритет за овие две локални самоуправи во делот на третирањето отпадни води и во водоснабдувањето“, смета Трајков.

IMG 4807

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за времето на одржувањето на петата, гласачка форумска сесија заради очекувањето на состанокот на Програмскиот одбор.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Форумот ги потврди сите пет предлог проекти