Преку подобра соработка до подобри закони - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку подобра соработка до подобри закони PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 декември 2012 00:00

На 19 декември 2012 г. работна група составена од претставници од шест граѓански организации одржа работилница за дефинирање на конкретни чекори за подобрување на соработката со државните институции во процесите на подготовка на законите.

IMG 4791

На работилницата беа дефинирани проблемите со кои организациите се соочувале кога биле вклучени во подготовка на одредени предлог закони. Некој од проблемите кои беа истакнати се: кратки рокови за консултации и непочитување на законски одредениот минимум, нередовни, несистематски и нетранспарентни комуникациски канали, формално вклучување со значителни разлики од предлозите во консултациите до конечните текстови на акти. Потоа, во дискусијата, учесниците предложија можните решенија.

Како резултат на работилницата ќе произлезат Стратешки насоки со дефинирани проблеми и можните активности неопходни да се превземаат за нивното решавање.

IMG 4795

Покрај работната група за дефинирање на акцискиот план за зголемување на соработка помеѓу ГО и ресорните министерства за измени на политиките поврзани со анти-дискриминација, формирани се и две работни работни групи за дефинирање на акцискиот план за зголемување на учество на ГО во подготовка на закони и за дефинирање на акцискиот план за измени во даночните закони.

Работилницата е организирана во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Преку подобра соработка до подобри закони