Форумот ги потврди сите пет предлог проекти - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форумот ги потврди сите пет предлог проекти PDF Print E-mail
Friday, 21 December 2012 00:00

Четвртата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Василево и Босилово се одржа на 20 декември и 2012 година во Босилово пред 92 граѓани и гости.

IMG 4835

Граѓаните разгледаа пет предлог проекти на темата „Водоснабдување и отпадни води и тоа: Mеханизација за комунални претпријатија; Проектна документација за фекална канализација; Јакнење на свеста на граѓаните за рационално користење на водата; Реконструкција на канали за одвод на атмосферските води и Подобрување на снабдувањето со техничка вода. По дискусиите граѓаните ги потврдија проектите и ги упатија на разгледување кај Програмскиот одбор.

„Задоволна сум од текот на четвртата форумска сесија“, рече Ивана Трајковска од Василево. „Сметам дека сите пет предлог проекти заслужуваат внимание и се во интерес на двете општини за надминување на проблемите со поплавите но, и со водоснабдувањето". И за Ѓорѓи Трајков од с. Иловица форумите се добар начин на решавање на проблемите бидејќи „ние како граѓани одлучуваме што е приоритет за овие две локални самоуправи во делот на третирањето отпадни води и во водоснабдувањето“, смета Трајков.

IMG 4807

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за времето на одржувањето на петата, гласачка форумска сесија заради очекувањето на состанокот на Програмскиот одбор.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Форумот ги потврди сите пет предлог проекти