Повеќе информации за економските активности и статусот „организации од јавен интерес“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повеќе информации за економските активности и статусот „организации од јавен интерес“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 ноември 2012 00:00

Информативен настан за запозавање на граѓанските организации со промените кои ги донесе новиот Закон за здруженија и фондации (ЗЗФ) по однос на економските активности и статусот од јавен интерес се одржа во Скопје на 14 ноември 2012 г. Ова беше последниот од низата настани што се одвиваа во нколку градови во Македонија.

IMG 7541

Петнаесетина претставници од граѓанскиот сектор разговараа и ги разјаснуваа дилемите за дефинирањето и примената на економските активности во работењето на граѓанските организациите.

Добивањето статус од јавен интерес се уште не е предизвик за граѓанските организации. Интересот би бил стимулиран доколку статуст од јавен интерес се поврзи со даночните олеснувања.

IMG 7547

Претставниците на граѓански организации сметаат дека ваквите настани се потребни не само за нив туку и за државните институции и Комисијата за доделување статус на организации од јавен интерес.

Настанот беше органиизиран во рамки на проектот „Овозможувачка правна рамка“, спроведуван од МЦМС и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), а поддржан од МЦМС и УСАИД.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повеќе информации за економските активности и статусот „организации од јавен интерес“