Повеќе информации за економските активности и статусот „организации од јавен интерес“ |
Thursday, 15 November 2012 00:00 | |||
Информативен настан за запозавање на граѓанските организации со промените кои ги донесе новиот Закон за здруженија и фондации (ЗЗФ) по однос на економските активности и статусот од јавен интерес се одржа во Скопје на 14 ноември 2012 г. Ова беше последниот од низата настани што се одвиваа во нколку градови во Македонија. Петнаесетина претставници од граѓанскиот сектор разговараа и ги разјаснуваа дилемите за дефинирањето и примената на економските активности во работењето на граѓанските организациите. Добивањето статус од јавен интерес се уште не е предизвик за граѓанските организации. Интересот би бил стимулиран доколку статуст од јавен интерес се поврзи со даночните олеснувања. Претставниците на граѓански организации сметаат дека ваквите настани се потребни не само за нив туку и за државните институции и Комисијата за доделување статус на организации од јавен интерес. Настанот беше органиизиран во рамки на проектот „Овозможувачка правна рамка“, спроведуван од МЦМС и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), а поддржан од МЦМС и УСАИД.
|