Модерни трендови во меѓународната развојна помош - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Модерни трендови во меѓународната развојна помош PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 мај 2012 08:54

На покана од фондацијата Понтис, првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски учествуваше на конференција Модерни трендови во меѓународната развојна помош.

578311 10150862044870630 45533785629 12060434 220614641 n

Конференцијата се одржа на 3 мај 2012 година, во Братислава, а покрај учесници од Словачка и од регионот на централна и источна Европа, имаше и претставници од Кенија (вклучително нивниот министер за туризам) која е една од фокус земјите за развојната помош на Словачка.

На конференцијата се дискутираше за пристапите на Европската унија и посебно на Словачка кон развојната помош, фокусот на помалку земји и само на определени сектори, како и преминот од класична хуманитарна и развојна помош кон поддршка на процесите за демократизација на општествата во „третиот свет“.

389338 10150862045385630 45533785629 12060437 252233214 n

Кржаловски ги пренесе искуствата на МЦМС и партнерските организации, како од времето на кризните 1999 и 2001 година, така и за актуелните трендови во Македонија и Балканскиот регион. Излагањето беше во рамките на панелот Човековите права во развојната помош.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Модерни трендови во меѓународната развојна помош