Модерни трендови во меѓународната развојна помош |
E enjte, 17 maj 2012 08:54 | |||
На покана од фондацијата Понтис, првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски учествуваше на конференција Модерни трендови во меѓународната развојна помош. Конференцијата се одржа на 3 мај 2012 година, во Братислава, а покрај учесници од Словачка и од регионот на централна и источна Европа, имаше и претставници од Кенија (вклучително нивниот министер за туризам) која е една од фокус земјите за развојната помош на Словачка. На конференцијата се дискутираше за пристапите на Европската унија и посебно на Словачка кон развојната помош, фокусот на помалку земји и само на определени сектори, како и преминот од класична хуманитарна и развојна помош кон поддршка на процесите за демократизација на општествата во „третиот свет“. Кржаловски ги пренесе искуствата на МЦМС и партнерските организации, како од времето на кризните 1999 и 2001 година, така и за актуелните трендови во Македонија и Балканскиот регион. Излагањето беше во рамките на панелот Човековите права во развојната помош.
|