МЦМС со поброен тим на Маратонот |
Понеделник, 07 мај 2012 12:48 | |||
МЦМС и оваа година учествуваше на Скопскиот маратон. Како што се зголемува бројот на учесниците на Маратонот, така се зголемува и бројот на тимот на МЦМС. Оваа година силите си ги одмерија Сашо Клековски (поранешен прв извршен директор на МЦМС), Гонце Јаковлеска, Кренар Кука, Марија Саздевски и Симона Огненовска. „Последен пат активно трчав пред точно 13 години, па трката ми беше мотив да пак влезам во тркачки патики, предизвик да покажам дека понекогаш не е потребно многу напор туку желба за да стигнам до целта и задоволство да се учествува во настан со хуманитарен карактер“, вели Марија. Шестото по ред издание на Скопскиот маратон што се одржа на 6 мај 2012 година привлече повеќе од 3.000 спортисти и рекреативци.
|