МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров |
Среда, 04 јануари 2012 19:40 | |||
По повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, претставници на МЦМС се потпишаа во книгата на жалост. МЦМС ја искажа својата благодарност за учеството во поставувањето на темелите на македонската држава, но и за поддршката што претседателот Киро Глигоров ја даваше на граѓанското општество и на МЦМС во раните години од неговото постоење. Починатиот претседател Киро Глигоров во повеќе наврати ја потенцираше потребата од развиено граѓанско општество. Една од таквите прилики се случи во ноември 1996 година кога претставници на МЦМС и на Конзорциумот за Македонија беа примени од претседателот Глигоров. На средбата беше потврдено значењето на граѓанските организации и на односите со државата во изградбата на граѓанското општество. МЦМС секогаш ќе се сеќава на средбите и разговорите, како и на придонесот на претседателот Киро Глигоров за Македонија и граѓанското општество во Македонија.
|