Обука за административно работење - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за административно работење PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 декември 2011 17:05

МЦМС, на барање на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, за вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, на 19 и 20 декември ја одржа Обуката за административно работење.

IMG 9778

Учесниците на обуката имаа можност да слушнат за основите на административното работење и постапување со документацијата. Тие се запознаа со поимот, улогата и значењето на архивското работење; вреднување, прием и распоредување на актите; употреба на печати и штембили; еидентирање на актите во деловодник и архивирање.

Практична работа низ вежби имаа и на сите гореспоменати теми.

IMG 9789

„Обуката беше корисна за нас. Прв пат посетувам ваков вид на обука. Иако не е во моја надлежност да го правам ова, кога би имала можност би го работела и ова. Обучувачите беа јасни и концизни. Од темите, планот за архивски знаци ми беше најинтересен“, вели Ирена Оровчанец.

За Сеад Садиковски обуката беше многу квалитетна. „Имав потреба од ваква обука. За овие два дена научив како се примаат предметите, како се регистрираат. Деловодникот и архивирањето на предметите беше интересна тема. Инаку ова што го учевме е и законска обврска на секоја институција“, рече Садиковски.

Обуката ја спроведоа Валентина Чичева и Кренар Кука од МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за административно работење