Граѓанскиот активизам во новото издание на Граѓански практики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанскиот активизам во новото издание на Граѓански практики PDF Печати Е-пошта
Четврток, 16 јуни 2011 12:43

graganski-praktiki-br.12(Прес соопштение) МЦМС денес го издаде новото, 12-то издание на публикацијата Граѓански практики. Со ова се обнови издавањето по речиси осум години пауза. Граѓански практики и тогаш и сега имаат цел да им понудат на читателите продлабочено гледање на граѓанското општество во Македонија.

Приказите кои се дел од ова издание се направени за потребите на најсеопфатното истражување на граѓанското општество Цивикус – Индекс на граѓанското општество и третираат теми поврзани со Граѓанскиот ангажман.Вкупно осум автори истражуваа пет теми поврзани со граѓанскиот ангажман. На страниците на ова издание ќе можете да прочитате за учеството на граѓаните во политичките непартиски активности низ актуелни примери како што се протестите против промена на уставното име, протестите и петициите околу проектот Скопје 2014.

Социјалните медиуми се предмет на интерес во два од приказите. Како се употребуваат од страна на граѓанските организации, какви пораки се испраќаат преку нив, постои ли интеракција? Мобилизирањето на граѓаните преку социјалните мрежи се разработува низ примерот на граѓанската иницијатива „Плоштад слобода“. Последните два прикази се однесуваат на волонтерството: Каква е сегашната состојба на развојот на волонтерството посебно по донесувањето на Законот за волонтерство? Кој е општиот профил на лицата кои волонтираат во социјалните и хуманитарните организации? Кои се главните мотиви кои ги поттикнуваат луѓето да се ангажираат во волонтерски активности?

Авторите на приказите користеа повеќе истражувачки методи: анкети, интервјуа, анализа на литература и сл. Постапката на избор на автори се одвиваше преку јавен оглас објавен во медиумите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанскиот активизам во новото издание на Граѓански практики